Бизнисот бара квалитетни кадри – работниците мотивација

Во Македонија со години има контрадикторност – бизнис секторот тврди дека нема работници на пазарот на работна сила, додека граѓаните велат дека главен проблем е наоѓањето работа. Невладината „Коцка“ на едно место  ги собра на форум во Штип бизнис секторот, граѓанските организации и институциите.

Сите имаат своја приказна. Меѓутоа, како што вели професорот по економија на ФОН, Саво Ашталкоски, проблемот е во мотивација на кадарот што им стои на компаниите на располагање.

-Проблем е недоволната мотивација со плати кои што се нудат. Платите во малите и средните претпријатија се’ уште не се доволно мотивирачки фактор да ја раздвижат работната сила во насока на поттикнување на инвестиции, хај тек технологии, коишто би биле основа за развојот на ваквите претпртијатија. Не можеме да очекуваме да бидат вклучени наши иноватори, коишто  ги движат производствените процеси за минимална плата, смета професорот Ашталкоски.

Платите, особено во секторот кој зависи од физички работници деновиве го доживуваат својот максимум во последните години. Тешко се наоѓаат општи работници, бидејќи сите сакаат вработување со факултет, што пак ја крена цената на работната сила во земјоделството.  Ова го тврди Горан Митев од штипската компанија „Фруктана“, која се занимава со производство и преработка на овошје и зеленчук.

-Платите одат нагоре од година во година, а оваа година достигнаа максимум. Од друга страна, имаме недостаток на рабoтна сила и ние како компанија секоја година имаме имаме ваков проблем, што од година во година се зголемува. Да, платите во Македонија се релативно ниски,го знаеме тоа сите, го знаат и компаниите, но треба одредено време компаниите да се развијат во состојба кога се форсира раст на платите, рече Митев.

Како проблем, Митев го истакнува постојаното подигнување на платите на администрацијата и во нестопанството, што на крај, како што вели, не создава институции кои се подготвени да одговорат на потребите на бизнисите.

На терен пак, работат микро, мали и средни претпријатија, кои имаа прoблем – еден човек за се’, покажале анкетите спроведени во рамките на проектот на невладината „Коцка“.

-Најголем дел од обврските на тој еден човек, доаѓаат од законските задолженија, за кои и не се ни запознаени.  Имаат обврски од заштита при работа и од животна средина и од микроклиматски климатски услуги на работното место. Тоа за нив е преобемна административна работа, што не им остава простор да се посветат на бизнисот, изјави Столе Ѓеоргиев од „Коцка“.

Истражувањето покажува дека потребно е да се најде модалитет на соработка, кој би ја зголемил координацијата на сите сектори – институциите, бизнис секторот и граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *