БИДЕТЕ ПРИСУТНИ НА УТРЕШНАТА НАГРАДНА ИГРА ОД ЈП „КАМЕНА РЕКА“ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Утре, 15 Февруари четврток, со почеток од 12 часот, во кругот на ЈП „Камена Река“ во Македонска Каменица, ќе бидат извлечени добитниците од наградната игра огранизирана за корисниците кои редовно ги плаќаат своите комунални такси. Во наградната игра учествуваат сите корисници кои ја имаат платено својата комунална такса заклучно со 31 Декември 2017 година.

Корисниците кои ги имаат платено своите сметки и комунални такси кон ЈП „Камена Река“, можат да ги очекуваат следниве награди:

Прва награда:   ТЕЛЕВИЗОР
Втора награда:   ПРАВОСМУКАЛКА
Трета награда:   ШЕСТМЕСЕЧНА ПРЕТПЛАТА

Наградната игра и извлекувањето на талоните е од јавен карактер. Секој еден талон е потенцијален добитник на награда, истиот е шифриран и соодветствува со шифрата на корисник од вашата сметка. Организаторот ги повикува корисниците на услугите од ЈП „Камена Река“ и сите граѓани на Македонска Каменица да присуствуваат на самото извлекување.

ЈП „КАМЕНА РЕКА“
Македонска Каменица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.