Бидете внимателни: Продолжува напасувањето на крупен добиток долж патниот правец Каменица – Кочани

И покрај реакциите во повеќе наврати, од наша страна и бројните реакции на возачи, проблемот со добитокот кој се напасува и буквално престојува на патниот правец Каменица – Кочани се уште постои и не е решен.

Особена опасност во сообраќајот претставува фактот што крупниот добиток често се напасува без присуство на сточар (како што се гледа и на фотографиите), па не ретко истиот останува на коловозот и во текот на ноќните часови. Поради намалената видливост при ноќното возење, острите свиоци и засеци во клисурата на река Брегалница и честите камени одрони на патот, алармираме дека ова претставува дополнителна голема опасност кон безбедноста на возачите и патниците, како и можноста за причинување на поголема материјална штета на возилата.

Сопствениците на добитокот кој се напасува долж магистралниот пат Каменица – Кочани, најверојатно се од општина Виница, бидејќи и територијално тој дел му припаѓа на таа општина. Од таму и ќе побараме одговор за мерките кои ќе бидат преземени во следниот проблем за решавање на овој проблем и отстранување на опасноста во сообраќајот, за што дополнително ќе ве известиме.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *