Бесплатни прегледи од студенти на медицина на штипскиот универзитет во Делчево и Пехчево

Студентите по медицина на штипскиот универзитет Даниела и Севда во здравственото советувалиште во просториите на НВО КХАМ ја пречекаа 78-годишната Малика која дојде прв пат во советувалиштето за да направи превентивен преглед.

  • Ми земаа крв, ми го измерија притисокот, да видат како е. Имам здравствени проблеми, не можам ни да зборувам, изјави Малика Зекирова.

Даниел е од Куманово и е 5-та година на Факултетот по медицина, додека Севда која е од Делчево, студира во прва година. Во советовалиштето тие ќе вршат превентивни прегледи и ќе даваат совети под надзор на искусен лекар.

  • За мене ова е огромно искуство затоа што си носи специфика за себе. Ние го водиме овој проект, студенти под мониторинг на доктори. Сенадевма ќе ни донесе многу големо искуство и ќе придонесе за нашата работа во иднина, изјави Даниел Трајановски, студент по медицина.
  • Студент сум по медицина, прва година, ме побараа да дојдам овде и да се едуцирам повеќе во врска со здравјето, но и ете, да помогнам на луѓето, изјави Севда Реџепова, студент по медицина.

Проектот здравствено советувалиште во ромска средина го реализираат  заедно НВО Ирис и Кхам.

  • Ќе бидат опфатени некаде околу 10-тина студенти, не само Роми, но и од други етнички заедници, се со цел да научат повеќе за себе,. но и навиките и потребите на заедницата, каде што најверојатно ќе работат по своето завршување, изјави Зоран Биковски, НВО Кхам.

Инаку, во периодот од 8 месеци здравственото советувалиште ќе  пружа превентивни прегледи во Делчево и во пехчевски Црник. Проектот е поддржан од Фондацијата отворено општество.

Leave a Reply

Your email address will not be published.