Баскет Кам продолжува со фуриозната сезона

Александар Тодоровски и Кире Блажевски најдобри во новите победи на М-18 и М-16.

Баскет Кам ја продолжува фуриозната сезона. М-18 екипата ја порази екипата на Баскет Академија со резултат 94:75. Брилјираше Александар Тодоровски со 34 поени, Борјан Панов постигна 15, а Димитар Стоименов додаде 9 поени. Баскет Кам М-16 го совлада Кожув со 93:70. Најдобар беше Кире Блажевски со 23 постигнати поени, Дамјан Тодосиев постигна 17, а Ангел Јовановски 13 поени.

Девојчињата на Баскет Кам настапија на пријателски меѓународен кошаркарски турнир во Скопје на кој беа поразени од гостинските екипи од Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.