Баскет Кам: Жените го декласираа Вардар среде Скопје. Мажите поразени дома од Чаир 2030

Екипата на Баскет Кам со резултат од 58:96, го декласираше скопски Вардар во рамки на 5. коло на Првата женска македонска кошаркарска лига.
Гостите на денешниот натпревар, кој се одигра во спортската сала Кале, уште во првиот дел остварија висока разлика од 30:63. Вака решениот натпревар, само рутински беше доигран во вториот дел, каде шанса добија сите кошаркарки од каменичката екипа.
Денешната очекувана победа на Баскет Кам покажува дека екипата од Македонска Каменица има квалитет за нови медали во натпреварувачката сезона 2021/22 година.

На моменталниот распоред на табелата, екипата на Баскет Кам го дели првото место со екипите на Вардар и Струга, додека Бадел 1862 е втор, со еден бод и еден натпревар помалку.

Денеска, со почеток од 17:30 часот во спортската сала во Македонска Каменица, машката екипа на Баскет Кам одигра натпревар од редовното коло на Втората македонска кошаркарска лига, каде беше поразена со резултат 70:80 од екипата на Чаир 2030 од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *