Баскет Кам го декласираше Бадел и го најави враќањето на шампионскиот пехар во Македонска Каменица

Девојките од Македонска Каменица ги искористија сите свои предности за убедлива победа (71:38) и водство (1-0) во финалната серија

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ФИНАЛЕ: Убедлив старт на Баскет Кам

Предизвикувачот во големото финале на женскиот плеј-оф, екипата на Баскет Кам 2011 стигна до повеќе од убедлив триумф против Бадел 1862 на отворањето на финалната серија.

БАСКЕТ КАМ 2011 – БАДЕЛ 1862        71:38 (1-0)

(22-12, 12-3, 18-10, 19-13)

БАСКЕТ КАМ 2011: Тасевска 20, Владимирова, Адамовска 12, Димова 10, Николов 8, Стојановска, Петровска, Максимовска 7, Поп-Димитровска 6, Ѓуковиќ 4, Милованова 4,

БАДЕЛ 1862: Матие 9, Алексова, Згонц, Димитријевиќ 3, Маркоска 6, Лазаревска 6, Димковска 10, Стојковска 2, Петровска 2, Китановска;

Линк до ВИДЕО од натпреварот ТУКА
Линк до ФОТОГАЛЕРИЈА од натпреварот ТУКА

Екипата која влезе во битка за својот втор шампионски пехар, доминираше во текот на сите 40.минути на отворањето на оваа финална серија од плеј-офот.

Остварија комплетна доминација избраничките на тренерот Златко Гоцевски, и буквално од првата до последната минута знаеја како да ги искористат сите свои предности, а ги има доста, во однос на ривалот, односно екипата која го брани шампионскиот пехар.

Го најавија тоа уште во почетната четвртина во која веќе се стекнаа со двоцифрена прендост. На истекот на првиот период беше (22:12), за Баскет Кам 2011. Во вториот, заиграа уште подобро, пред се во одбраната, му дозволија на гостинскиот тим да реализира само три поени. Дадоа 12, но доволно да направат разлика која беше уште поголема на одморот, (34:15).

И иако имаше да се доиграат уште цели 20.минути, „баделки“ немаа ни сили, ниту доволен квалитет за да се вратат назад во натпреварот. Напротив, со секоја помината минута, паѓаше и нивната игра, па нивниот тренер Перо Стамески можеше да се подготвува за она што следува за неколку дена, На истото место, вториот меч од финалето во кое неговите кошаркарки ќе мора да прикажат многу повеќе доколку сакаат да му парираат на далеку. Пред се поодморен противник, кој во овие 40.минути најави подготвеност да ја донесе титулата повторно, назад, во Македонска Каменица.

Извор: КФСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *