БАРАЈЌИ ГО МЛАДОЖЕНЕЦОТ СО ПОЖАРНОТО ВОЗИЛО, ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА КОЦКАРСКИ АПАРАТ ВО ПОЖАРНАТА ВО РАДОВИШ

БАРАЈЌИ ГО МЛАДОЖЕНЕЦОТ СО ПОЖАРНОТО ВОЗИЛО, ПОЛИЦИЈАТА НАШЛА КОЦКАРСКИ АПАРАТ ВО ПОЖАРНАТАПожарникарот Кулашник си позајми противпожарно возило да оди по невеста и тогаш, неговиот командир на својот ФБ профил напиша дека не било ништо ново и ништо страшно, линкувајки слична содржина од Хрватска.

Радовишката противпожарна единица во своите простории чувала коцкарски апарат кој што функционирал на пари и жетони, а најверојатно бил користен од пожарникарите во слободно време. Апаратот со натпис „Меџик мулти енерџи гејм“ го пронашла радовишката полиција која што направила рутинска контрола на просториите, откако беше фатен Александар Кулашник, пожарникарот кој со донирано противпожарно возило отиде по невеста во септември, како во октомври превезувал просветни работници со патничко моторно возило „ивеко“ за време на дежурство.

Полицијата, освен што констатирала дека дента кога пожарникарот бил дежурен, а во книгата воопшто не било евидентирано неговото излегување од страна на командирот Герасим Коцев, при прегледот на службените простории на пожарната бил пронајден и коцкарски апарат. Полицијата веднаш го известило јавното обвинителство, а со решение на судија на претходна постапка апаратот бил одземен од радовишката пожарна.

„СВР Струмица преку својата надворешна канцеларија за криминалистички работи во Радовиш до основното јавно обвинителствово Радовиш поднесе кривична пријава против Г.К. (47) поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело Комар“, стои во информацијата на полицијата, која што изминативе месеци против командирот има поднесено две кривични пријави за Несовесно работење во службата.

Во меѓувреме, Герасим Коцев е разрешен од функцијата командир на радовишката противпожарна единица, Тој стана познат во јавноста откако му дозволи на пожарникарот Кулашник да си позајми противпожарно возило да оди по невеста. Тогаш, тој на својот ФБ профил напиша дека не било ништо ново и ништо страшно, линкувајки слична содржина од Хрватска.

Двајцата повторно станаа актуелни откако при рутинска контрола на сообраќајната полиција беше откриен Кулашник како превезува наставници, а бил облечен во противпожарна облека. Кога му се јавиле на командирот Коцев каде му е пожарникарот тој одговорил „овде на работа“, што било причина да се направи увид во документацијата и службените простории на радовишката противпожарна единица. Токму при таа контрола полицајците го откриле и коцкарскииот апарат кој во погон работел со ставање пари и жетони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *