Бадникова поворка во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 06.01.2020 година – Годинава, по првпат во Македонска Каменица се одржа „Бадникова поворка“ во која учествуваа околу двесте дечиња придружувани од родители и заинтересирани граѓани. Поворката од дечиња се движеше од пред светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ низ улиците во радот, при што се пееше „Вечниот Бог” навестувајки го Христовото раѓање – Божик.

По завршувањето на поворката, децата добија пригодни подароци кои црквата ги обезбеди со помош на граѓани и општествено одговорни фирми од Општинта. Поворката во која учествуваа и штитениците од Дневниот центар за лица со посебни потреби, покрај многуројните граѓани и верници ја поздрави и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Во раните утрински часови во Светот храм „Успение на Пресвета Богородица“ се одржа утринска богослужба на која присуствуваа голем број на верници од Македонска Каменица и регионот кои традиционално ги кршеа Бадниковите гранчиња од Божиќната пештера. Од свештенството ги поканија присутните да присуствуваат на утрешната богослужба по повод Христовото раѓање – Божик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *