А тај виц знаеш ле го: Каменичанец, Беровец и Делчевец ошли кај Господ

Еден ден Господ викнал кај него еден каменичанец, беровец и делчевец за да им подели земја за работа, да не се мачат по чужди имот. А искал да им види и памето, на кој коку му носи…
Дал прво еден кон на каменичанецо да заобоколи до каде иска да е негово. И тај јаанал коно заобоколил еден круг, тека од две падини и една корија, врнал се и рекол: доста е това, и за мене има, за деца и за внуци.
После дал на беровецо еден кон…и тај заобоколил тека повеќе место, ама скоро целото со корија. Врнал се за еден саат и рекол, арно има гора и за мене да сеча, за децата има…а и коно капна еле е греота и оно е душа.
Дал на крае коно на делчевецо…и тај ка зафанал да боколи. Ја еден саат, ја оште еден…нема го, стемнило се и осамнало, тај боколи, не сопира. Коно веќе преклекнал ќе умира, спаднал и пешки зафанал да завршува круго… Веќе и он не можел ни да трчи, ни да оди…и таман да падне од умор оти му припаднало веќе, свала капата и ја фрла на пред него и вика: Теее до там нека е мое, да има барем и за оште 5 реда пипер место!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *