Атанасовски: Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој и за просперитетот на заедницата

Атанасовски: Новите капитални инвестиции во САСА се значајни за локалниот економски развој и за просперитетот на заедницата

Македонска Каменица, 04.03.2022 – Рудникот САСА продолжува со реализацијата на новата капитална инвестициска програма во вредност од над 20 милиони долари. Со тековниот прогрес во нејзината реализација имаше прилика да се запознае и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, при неговата прва посета на САСА која беше договорена на состанокот со претставниците на менаџерскиот тим на рудникот што се одржа веднаш по неговото стапување на функцијата.

„Задоволен сум што имав можност да ја посетам САСА и директно да се запознам со реализацијата на новите капитални инвестициски проекти кои треба да овозможат натамошен одржлив развој на рудникот. И во оваа прилика сакам да нагласам дека САСА, како најголем стопански капацитет во нашата општина и пошироко, има големо значење за локалниот економски развој и обезбедува социјална сигурност за голем број семејства, што е особено важно во сегашните турбулентни времиња. Токму затоа јас се залагам ваквите одговорни компании да ја добијат целокупната поддршка која е неопходна за реализација на нивните развојни планови, кои носат долгорочни придобивки за сите, како на локално, така и на национално ниво“, изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.

Во рамки на посетата, на градоначалникот Атанасовски му беа презентирани досегашните вложувања во САСА во сите области на работата на рудникот, кои во изминатите четири години од влезот на инвеститорите – компанијата Централ Азија Металс од Лондон, надминаа 30 милиони долари. Голем дел од овие средства се вложени во набавка на нова современа рударска опрема и технологија за производство, во дигитализација на одредени работни процеси, во системот на безбедност и заштита при работа, како и во натамошно унапредување на стандардите и условите за работа и на професионалниот развој и благосостојбата на вработените.

Во оваа прилика градоначалникот Атанасовски се запозна и со ефектите од големиот број општествено одговорни активности и проекти наменети за поддршка на заедницата, кои САСА ги спроведува во континуитет, а во чија реализација само во текот на мината година се вложени над 400 илјади долари.

„Ни претсавува задовство шго го пречекавме градоначалникот на Македонска Каменица во САСА. Свесни сме за симбиозата што постои помеѓу рудникот и локалната заедница и затоа од суштинско значење е да ги одржуваме и понатаму да ги надградуваме силните односи што ги имаме во Македонска Каменица и на национално ниво. Преку ваквите посети и директната комуникација, имаме можност да ги претставиме пред институциите нашите развојни проекти, како и проектите за поддршка на заедницата, со што се отвора патот за нивна побрза и поефикасна реализација, што е добро за сите – како за компанијата и за нејзините вработени, така и за локалната заедница и за земјата во целина, затоа што успехот на САСА, значи успех за сите“, вели генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *