Асфалтиран патот од Бигла до Виница

Екипи на Македонија пат го завршија асфалтирањето  на регионалниот пат Виница –  Делчево преку с.Бигла , поставувајќи ги последните  2.100 метри асфалт. Со ова  оваа делница од виничка страна е комплетно завршена во вкупна должина од 8.600 метри. Минатаат година беа завршени 6,5 км од овој регионален пат од манастирот “Св.Спас “ до пропустот кај село Трстија, за што ЈП за Државни патишта обезбеди  62 милиони денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *