Заради мултиплицирање на бројот на културни настани во Македонска Каменица, а и заради поттикнување на творештвото на млади и самостојни уметници (сликари, фотографи, скулптори, музичари, графити уметници, афористичари, сатиричари, писатели, поети и сл), www.asgard.mk формира фонд за поддршка на независни локални културни проекти. За 2018 година веќе се обезбедени 60.000 денари, а овој износ дополнително ќе се зголемува во зависност од приходите од настаните кои се во организација на АСГАРД 2015 од Македонска Каменица.
Најголем дел од локалните музичари ќе бидат ангажирани и ќе настапуваат токму на овие настани, а самостојните уметници ќе бидат поддржани преку откуп на нивни дела или преку организација на изложби, промоции и слично.
Распределбата на финансиските средства за независни културни проекти кои ги обезбедува asgard.mk ќе започне од 26-ти март 2018 година.