Македонска Каменица, 03.01.2020 година – Првороденото бебе во 2021 година во општина Македонска Каменица е женско.
На 2 јануари (сабота) 2021 година, во 07 и 10 минути во гинеколошкото одделение во Штип дојде на свет малата Анелиа Гоцевска. Таа е трета рожба на семејството Гоцевски.
Во името на сите граѓани на општина Македонска Каменица на малата Анелиа Гоцевска ѝ посакуваме добро здравје и многу среќа во веселите детски денови. Да им биде гордост и радост на родителите и фамилијата.