Ангеловска: Досега одобрени 7,13 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Ангеловска: Досега одобрени 7,13 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити

Преку Развојната банка досега се доделени 7,13 милиони евра од бескаматната кредитна линија Ковид 2, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Овие средства се доделени на 593 компании кои имаат вкупно 10.108 вработени.

„Заедно со Ковид 1 линијата, досега, преку бескаматни кредити во износ од 12,67 милиони евра поддржани се 1.331 микро, мали и средни компании во кои работат 16.632 вработени”, напиша министерката Ангеловска.

На последната владината седница беа одобрени нови  476 кредити за микро, мали и средни компании во вредност од 5,14 милиони евра од Ковид 2 бескаматните кредити преку Развојна банка на Северна Македонија. Во овие компании работат 7.107 лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *