Ана Михаиловска победник на универзитетската Ораторска вечер во Битола

 

Ана Михаиловска е победник на меѓууниверзитетскиот натпревар во Јавно говорење кој се одржа на 09. Мај во Битола

Ова, нека биде само еден мал осврт и внимание на огромниот успех на нашата млада сограѓанка Ана Михаиловска која во месец Април беше една од најуспешните на Ораторската вечер на УГД -Штип и начин да упатиме честитки за нејзиното освоено прво место на државниот меѓууниверзитетскиот натпревар по Јавно говорење организиран од Европското движење и фондацијата Конрад Аденауер. Натпреварот се одржа на 09.Мај во Битола на тема “Активни млади – жива демократија”, по повод Денот на Европа и победата над фашизмот.

Исто така, каменичанката Ана Михаиловска, на сите нас ни е позната како вреден творец на бројни прозни и поетски текстови. Истите, во изминатиот период беа редовно објавувани и во нашето литературно катче “Импресија”.

Ја користиме оваа прилика да го најавиме целосното интервју со Ана М., во кое се надеваме дека на сите љубители на Јавното говорење и литературата ќе ни ги открие деталите околу подготовките и учеството во овие натпреварувања и дел од нејзините најнови ракописи на полето на литературата.

Во продолжение можете да го проследите нејзиниот настап на Ораторската вечер во Штип која традиционално е во организација на УГД – Штип.3

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *