АМСМ: Ново свлечиште на патниот правец Каменица – Кочани. Сообраќајот е во прекин

На патниот правец Македонска Каменица – Кочани кај месноста Драки, има ново свлечиште поради што сообраќајот е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Веќе неколку денови ГП „Гранит“ работеше на расчистување на веќе постоечките свлечишта во тој дел, кои претставуваа навистина голем проблем за возачите при поминуање на оваа делница.
Најверојатно во моментов се работи на расчистување на камените одрони, се со цел за непречено одвивање на сообраќајот и ставање на тој дел од коловозот во целосна функција.
Со повеќе информации во текот на денешниот и утрешниот ден, веднаш по нивното пристигнување во нашата редакција.
www.kamenica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *