Владата на РМ на денешната седница го разреши од должноста директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, заради невнимателно и несовесно работење.
Ова е кусото образложение на Владата. Ова е практично и прво разрешување на некој функционер од формирањето на оваа владејачка гарнитура и тоа заради несовесно работење.
Донев е кадар изнедрен од Шарена револуција, иако неговиот професионален багаж е поврзан токму со работење во туристичкиот сектор.
Александар Донев ја разбранува јавноста на самиот почеток од својата куса кариера како владин функционер, заради неговата одлука да користи бизнис класа за своето службено патување во Аргентина, на саем за промоција на екстремен туризам.