Акција на ЈП Камена Река за чистење и уредување на влезовите во градот

ЈП Камена Река продолжува со вршење на редовните работи и активности поврзани со одржување на чистата животна средина во урбаниот дел и руралните средини од општина Македонска Каменица. За таа цел, започната е акција за чистење на просторот околу влезовите во градот, која опфаќа отстранување на високостеблести дрва и џбунести растенија.

“Редовното чистење и отстранувањето на обраснати дрвја и високорасни џбунести растенија покрај коловозниот дел при влезовите во градот е елементарна потреба за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот и олеснето движење на граѓаните” – изјави директорот на претпријатието Влатко Димитровски која најави дека “Акцијата на ЈП Камена Река, за уредување на овие делови од градот ќе продолжи во наредниот период, а истата ќе биде спроведена и во руралните и приградските средини во општина Македонска Каменица”.

ЈП Камена Река покрај оваа акција успешно ја спроведува и акцијата за чистење на јавните простори и зеленило долж Градскиот кеј на Каменичка река, како и останатите јавни површини во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4666534130133561&id=100003310618671&sfnsn=mo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *