АКВАРЕЛИ – Ликовна изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање при НУЦК “Бели мугри” во Кочани

Националната установа- Центар за култура “Бели мугри”- Кочани ги поканува љубителите на ликовната уметност да ја проследат изложбата на учениците од Училиштето за цртање и сликање насловена “АКВАРЕЛИ”.

Отварањето на ликовната изложба ќе се одржи денеска, со почеток од 12.00 часот во Салон фоаје 1 од Домот на култура.

Во период од три месеци ученици со упорна работа и многу труд создадоа 30тина дела со различна тема во техника акварел. Изложбата ќе биде поставена и достапна пред публиката за посета до 22.05.2023година.

Изложба на тема “Акварели” создадена од учениците од училиштето за цртање и сликање при НУЦК “Бели мугри”-Кочани е реализирана под менторство на м-р Александра Димитрова.

Покана и повеќе детали за настанот ОВДЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.