Агенција за вработување: Над 7.000 слободни работни места

Магационери, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, специјалисти за човечки ресурси, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања, се дел од огласените работни позиции. Или вкупно на пазарот на труд во Mакедонија моментно има 7.145 слободни работни места.

Статистичките податоци на Агенцијата за вработување покажуваат дека во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,68 отсто. Најголем број слободни работни места, 2.929, биле во групата Работници во услужни дејности и продажба.

Како што покажува анкетата на работна сила, покрај услужниот, и индустрискиот и градежниот се сектори со најголем раст на вработеноста во првиот квартал од годинава.

Стапката  на  вработеност во првиот квартал изнесува 44,6 проценти и во однос на истиот период лани е повисока за 0,9 процентни поени.

„Бројот на вработени лица  е повисок за  2,2 процента, односно за околу 16 илјади лица во однос на истиот квартал минатата година, при што најголем раст на вработеноста има во индустрискиот сектор (8,7 илјади или 5,2 проценти), по кој следуваат градежниот (4,8  илјади или 9,4 проценти) и услужниот сектор (2,7 илјади или 0,7 проценти), се наведува  во документот, пренесува МИА.

Анализирано според економскиот статус, раст на вработеноста има кај сите категории, освен кај семејните работници. Така, бројот на вработени лица е зголемен за 13,5 илјади или 2,4 проценти, а бројот на работодавачи за 3,2 илјади или 9,4 проценти.

Растот на вработеноста е придружен со пад на бројот на невработени, којшто е намален за приближно 12 илјади лица, односно 5,4 проценти на годишна основа.

Гледано по возрасни групи, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *